Последно ажурирање: 8 февруари 2026

1. Кои сме „ние“ (Контролор)

Оваа Политика за приватност се однесува на обработката на лични податоци преку веб-страницата sajberbezbednost.mk („Веб-сајт“).

Контролор на лични податоци:
ЦЕРТИУС ДООЕЛ
ул. Максим Горки 4, Кавадарци
Е-пошта: info@sajberbezbednost.mk

2. Кои податоци ги собираме

Во зависност од тоа како го користиш Веб-сајтот, можеме да обработуваме:

  1. Податоци за сметка/корисник: име и презиме, корисничко име, е-пошта, лозинка (во хеш форма), улога/претплата, статус на курс/лекција/квиз.
  2. Податоци за обуки и сертификација: напредок во курс, резултати од квизови, издадени сертификати, уникатен ID на сертификат, датуми на издавање/валидирање (ако имаш верификација).
  3. Контакт и комуникација: содржина од контакт-форма, е-пошта пораки, пријави за настани/обуки, барања за поддршка.
  4. Технички податоци и логови: IP адреса, тип на уред/прелистувач, време на пристап, логови за безбедност (на пр. спречување злоупотреби).
  5. Колачиња (cookies) и аналитика: идентификатори за сесија, функционални колачиња, статистика за посети (само ако се активира аналитика).

Не бараме чувствителни категории податоци (на пр. здравје, политички ставови) освен ако корисникот сам не ни ги испрати преку комуникација — во тој случај ги користиме само за да одговориме на барањето.

3. Зошто ги обработуваме податоците (цели)

Обработката се врши за:

  • креирање и одржување корисничка сметка;
  • обезбедување пристап до обуки/курсеви и функционалности на платформата;
  • следење напредок и издавање/верификација сертификати;
  • одговор на прашања и корисничка поддршка;
  • известувања поврзани со услуги (на пр. промени во курс, технички известувања);
  • подобрување на Веб-сајтот (статистика/аналитика – само ако е дозволено);
  • безбедност, спречување злоупотреби и инциденти.

4. Правни основи за обработка

Податоците ги обработуваме врз основа на една или повеќе правни основи:

  • договор/преземање чекори пред договор (на пр. креирање сметка, пристап до курс);
  • согласност (на пр. newsletter, не-есенцијални колачиња);
  • легитимен интерес (на пр. сајбер-безбедност, спречување злоупотреби, основна статистика ако е поставена како privacy-friendly);
  • законска обврска (на пр. сметководствени/даночни обврски ако има наплата).
  • регистрација на корисничка сметка се смета за дозвола и соглансост н акрајниот корисник за обработка.

5. Колку долго ги чуваме податоците (рокови)

  • Сметка и LMS податоци: додека имаш активна сметка и до 6 месеци по неактивност, освен ако побараш бришење и нема законска основа за подолго чување.
  • Сертификати/верификација: за да можеш да докажеш завршување курс, можеме да чуваме минимален сет (име, курс, датум, ID) подолго, напр. 5 години или додека постои интерес за верификација.
  • Контакт-комуникација: до 12 месеци или додека е потребно за решавање на барањето.
  • Логови за безбедност: типично 30–180 дена.

6. Со кого ги споделуваме податоците (приматели/обработувачи)

Можеме да споделиме податоци само кога е потребно, со:

  • хостинг/инфраструктура провајдери (сервери, CDN, резервни копии);
  • е-пошта провајдери (за испраќање нотификации/поддршка);
  • LMS/WordPress додатоци (на пр. LearnDash/Ultimate Member) – како софтверска функционалност;
  • аналитички алатки (само ако се активирани и ако корисникот даде согласност каде што е потребно);
  • платежни процесори (само ако има наплата; во тој случај платежниот процесор обработува платежни податоци според своја политика).

Со секој обработувач, каде што е применливо, се обезбедуваат договорни и технички мерки за заштита.

7. Пренос во други држави

Ако некој провајдер е надвор од Северна Македонија/ЕЕА, ќе користиме соодветни заштитни механизми (на пр. стандардни договорни клаузули) и ќе обезбедиме ниво на заштита согласно важечките правила.

8. Безбедност на податоците

Применуваме соодветни технички и организациски мерки (контрола на пристап, ажурирања, резервни копии, логирање, ограничување на привилегии, TLS/HTTPS каде што е применливо) за да спречиме неовластен пристап, губење или злоупотреба. Заради брзиот разџвој на технологијата и континуирано објавувањ ена ранливости, примената на горе споменатите мерки е на принцип „најдобар обид“ (best effort).

9. Твои права

Во зависност од применливите правила, имаш право на:

  • пристап до податоци;
  • исправка;
  • бришење („право да се биде заборавен“);
  • ограничување на обработката;
  • преносливост (каде што е применливо);
  • приговор на обработка врз легитимен интерес;
  • повлекување согласност (за обработка врз основа на согласност);
  • поднесување претставка до надлежен орган.

За остварување права, пиши на info@sajberbezbednost.mk

10. Колачиња (Cookies)

Веб-сајтот користи колачиња за да работи правилно (на пр. сесија/логирање) и може да користи колачиња за функционалности и аналитика.

  • Неопходни колачиња: потребни за основно функционирање и не можат да се исклучат преку банер (но можеш преку поставки на прелистувач).
  • Функционални/преференциски: на пр. јазик, изглед, запаметување поставки.
  • Статистички/маркетинг: се поставуваат само по согласност, ако ги користиме.

Кога е потребна согласност, колачињата не се поставуваат пред да ја дадеш.

11. Деца и малолетници

Овој Веб-сајт може да содржи едукативни содржини за млади. Ако корисник е под возраст за валидна согласност според применливите правила, обработката врз основа на согласност (на пр. регистрација и користење на корисничка сметка, или newsletter) треба да биде одобрана од родител/старател. Ако мислиш дека дете ни доставило податоци без соодветна дозвола, контактирај нè.

12. Промени на Политиката

Можеме да ја ажурираме Политиката. Датумот „Последно ажурирање“ ќе биде променет и, кога е значајно, ќе објавиме известување.